Според најновите истражувања, жените низ целиот свет се одлучуваат да се омажат за мажи, кои се помалку квалификувани и образовани од нив.
Во една студија претставена во Барселона, во голем дел од земјите во светот, сега е вообичаено жената да биде таа која е пообразована. Технички врската во која жената поседува поголем социјален статус се нарекува хипогамија, но често се нарекува и мажење за „некој под тебе“.
Традиционално мажот бил тој кој бил образован, квалификуван и финансиски супериорен. Меѓутоа, ширум светот жените се тие кои се почесто се одлучуваат на понатамошна едукација и усовршување, наместо брак и создавање на семејство.
Ова значи дека до моментот кога ќе го пронајде партнерот, жената веќе ќе поседува одредена диплома која нејзиниот партнер ја нема се уште обезбедено. Во поедини земји пак бројот на жените студенти значително е зголемен од бројот на мажи. Па според ваквите проценки, останува на мажите да се решат дали ќе се образуваат или не.