Женски парфеми кои ги привлекуваат мажите


My Queen Alexander McQeen

Кога започнал да работи на овој парфем, Alexander McQeen имал визија за жената на своите соништа. На тој начин, тој создал калеидоскоп на различни мириси затворени во едно шишенце. Овој мирис е  таинствен и заводлив со мирис на бадеми, љубичица, бел мошус, портокал со додаток на пачули и ванила. Шишенцето е дизајнирано во виолетова боја со лесни и прецизни линии а делува многу женствено и грациозно.

ParfemWeekend for Women by Burberry

Овој парфем е сладок со богат и полн мирис. Тој е лежерен, нежен и многу сочен. Во себе крие тонови на свежа треба, цвет од праска, дива роза, ирис и кајсија. Неговата сила делува постепено, од моментот кога ќе го нанесете. Но, сепак тој најдобро мириса во шишенцето.

Gucci by Gucci

Многу елегантен и гламурозен и промовиран како најженствениот парфем од овој бренд. Идеален е за ноќните излегувања за дамите кои сакаат да остават впечаток, како со својот стил така и со мирисот. Во него се чувствува сложеност на различни мириси од димена кожа, цвет од портокал, бел мошус и бели цветови.

Buodoir by Vivienne Westwood

Прочуената дизајнерка е вистински мајстор кога станува збор за паргемите. Овој цветен парфем е изразено женствен и наменет на силните и атрактивни дами. Содржи низа мирисни ноти од мандарина до англиска роза со додаток на духан, корен на ирис, сандаловина и ванила.

Hypnotic Poison by Dior

Ако трагате по ноти кои ќе ве направат таинствена и недостижна, одлучете се за овој парфем. Тој е многу заводлив и екстравагантен. Богат е со контрастни ноти,  а срцето на оваа мирисна композиција го сочинуваат горчливиот бадем, ким, јасмин, цимет и ванила.

Black Orchid by Tom Ford

Според многумина, ова е најсензуалниот мирис – модерен и луксузен. Во него се крие спој од мирис на орхидеја, пачули, француски јасмин, цветови на различни зачини, мандарина, црна рибизла и лимон.

Miss Dior Cherie

Овој мирис е последен на листата парфеми по кои лудуваат мажите. Тој има јасен, чист и потполно невин мирис. Наменет е за младите и романтични дами со добар вкус и стил. Содржи ноти на египетски јасмин, пачули, мандарина, сандаловина, амбер и мошус.

Skopjeinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1