Жерновски го презема кормилото – конституиран е советот на Центар


Советот на општина Центар и официјално започна со работа и ја одржа првата конститутивна седница. За претседател на Советот беше избран Мирослав Шиповиќ, носител на листата советници на Сојузот на иднината – мнозинството во новоформираниот совет го има коалицијата на Сојузот на иднината со 12, наспрема 11-те советници на владеачката коалиција.

opstina centarСоветници во новиот состав на Центар се: Мирослав Шиповиќ, Игор Алаџајков, Саша Сашев Гошева, Весна Милосавлевска, Марија Бошковска Јанковски, Дарко Атанасовски, Јован Тагасовски, Ѓошо Вангелов, Биљана Чурилова, Васко Димовски, Цветанка Симоновска, Никола Георгиевски, Томислав Лазаров, Илија Илијовски, Снежана Трпевска, Иванчо Вучевски, Сашо Трпевски, Менка Радивојша, Даниела Рангелова, Јелена Апостолска, Горан Богдановски, Алберт Адемов и Јордан Ристески.

Иако новиот градоначалник Андреј Жерновски се уште не седнал во неговата фотелја, се очекува многу наскоро уште во текот на неделава тој да го преземе градоначалничкото место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1