Жерновски ја почнува ревизијата на „Скопје 2014“


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска напладне ќе го објави почетокот  на ревизијата на проектот „Скопје 2014“, информираат од неговиот кабинет, пишува плус инфо.

Andrej-Zernovski2Жерновски веднаш откако седна на градоначалничката фотеља најави дека ревизори ќе ги чешлат милионските договри за споменици кои ги склучила општината кога со неа раководеше неговиот претходник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ.

Првата одлука на градоначалникот на Центар, Жерновски, откако стапи на функција беше мораториум на сите објекти од владиниот проект „Скопје 2014“ што во моментов се градат во општината Центар. Градоначалникот тогаш потпиша документ со кој се запираат сите активности поврзани со проектот.

Минатата недела на првата седница на Советот на општината Жерновски тврдеше дека за два месеци општина Центар го потрошила буџетот за цела година. Според него, за двете катни гаражи општина Центар зела кредит од 5, 5 милиони евра кој ќе доспее за плаќање во јули, а  долгот за греење кон градинките и училиштата изнесува 400 илјади евра.

Plusinfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1