Каде се пресели ВМРО-ДПМНЕ?


Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат каде е сместено партиското седиште и каде се договараат и координираат партиските активност, по уривањето на жолтата зграда во центарот на Скопје, на чие место треба да се изгради нов и поголем објект.

vmro kirijaСпоред неофицијални информации, новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ сега е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на „Бетон“, во близина на Министерството за економија. На оваа локација, според информации од терен последниве денови, редовно наминувале членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и биле забележани службени возила.

Од партијата нема официјална потврда за ваквите информации. И покрај нашите инсистирања, од портпаролот Илија Димовски не добивме одговор каде е сега преместена партиската администрација. Единствено ни беше кажано дека за некои активности се користат просториите на партискиот прес-центар, што е сместен во стан близу жолтата зграда која во изминатите години ВМРО-ДПМНЕ ја користеше како партиско седиште.

Utrinski Vesnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1