Чистејќи ја кујната нашле лото ливче со добивка од 5 милиони долари


Жител на предградие на Чикаго во својата кујна нашол тикет за лотаријата Quick Pick кој го купил на почетокот од годинава а по проверката станал сопственик на речиси пет милиони американски долари, објави во петокот телевизиската мрежа FoxNews.

livce lotoСпоред среќникот Рикардо Серезо, неговата сопруга при расчистувањето на кујната нашла вкупно 11 лотариски ливчиња којашто му ги дала да ги провери. Споредувајќи ги извлечените броеви со пополнетите ливчиња, забележал дека на еден од тикетите се совпаѓаат сите шест броеви. Победничкиот износ пред исплатата на даноците изнесува 4,85 милиони долари.

Серезо не прецизирал како ќе ја искористи премијата, меѓутоа истакнал дека има големи сметки и оти прво нив ќе ги расчисти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1