Жерновски ќе ја урива терасата на ВМРО-ДПМНЕ – од партијата тврдат имаат дозвола


Дел од објектот на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е пуштен во употреба без употребна дозвола, изјави Кочо Стојчески, раководителот на секторот за инспекциски работи во Општина Центар, по направениот увид во објектот.

vmro sediste mk

„Дел од објектот е пуштен во употреба, што се констатираше со увид на местото, без употребна дозвола. Надворешниот дел не е настрешница, како што тврдат, туку балкон, а за тоа нема одобрение. Градоначалникот на Скопје, шпанските скали ги стави во урбана опрема, но го заборави балконот на сопствената партија. Поради специфичноста на објектот, ќе се обратиме до Град Скопје за да се провери дали има таква одлука на Советот. Според наши сознанија, таква одлука нема“, рече Стојчески.

Од општина Центар соопштуваат дека секторот за инспекциски работи ја разгледува можноста за давање предлог за одземање на лиценцата за градење на ГП „Бетон“ .

„Според наодите, веќе е извесно дека инспекција на Општина Центар ќе донесе управен акт за отстранување на дел од градбата за која е констатирано дека е дивограба“, пишува во соопштението.

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на Општина Центар во кое се вели дека општината констатирала оти дел од новата зграда на владеачката партија е изграден без потребни одобренија. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека целата постапка при изградбата на идното партиско седиште се водела крајно транспарентно, преку објави во весници и информирање на јавноста во сите постапки. „Начинот на избирање инвеститор е воден при крајно транспарентна постапка. Сите постапки, процедури, барања и известувања од страна на инвеститорот до општината се доставувани навремено и уредно, со цел да се запазат сите постапки. Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи“, велат од партијата на власт

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1