Жирант – плаќач на туѓ долг: Жирантска треска ја тресе Македонија и Балканот


Само еден потпис е доволен за животот да ви стане пекол и да враќате туѓи долгови. Илјадници граѓани во земјава минуваат низ голгота бидејќи станале жиранти на туѓ кредит, а сакале само да направат добро на некој. Граѓаните заглавиле со 83,5 милиони евра, што не можат да ги вратат.

Hand giving Euro banknotes moneyНиедна институција не располага со збирен податок за бројката на жиранти што враќаат туѓи заеми од банки. Секоја банка посебно си има своја статистика, но таа е за интерна употреба. Во банкарските кругови кружи бројка од илјадници заглавени граѓани

Еден потпишал на пријателот, друга на јатрвата, трет на колега – сите тие враќаат сега туѓи долгови.

И Балканот не е имун – Жирантска треска ги тресе речиси сите бивши југословенски републики.

Според медиумите, на целиот Балкан бројката на жиранти што враќаат туѓи заеми од банки е над 200.000 граѓани. Во Босна и Херцеговина и во Црна Гора веќе има и здруженија на жиранти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1