Жителка на Стајковци се затрула со хуманитарна помош


Жителка на Стајковци е затруена од хуманитарна помош, откако поради невнимание се напила средство за чистење мислејќи дека е сок. Помошта им била доставена во домот од волонтери, а ја земал нејзиниот свекор. Жената кога ја испила течноста веднаш почуствувала печење во грлото и болки во желудникот, по што побарала лекарска помош, информира Плус Инфо

brza pomos3

На 36-годишната жена веднаш и е дадена терапија и сега е префрлена на Клиниката за токсикологија.

Од Клиниката за токсикологија потврдуваат дека жената е примена кај нив, дадена е потребната терапија и не се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Од полиција велат дека се уште немаат информации за случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1