Жив мртовец во Велес


Велешанката Светлана Ангеловска не може да извади умреница за својот поранешен сопруг кој починал лани, оти во институциите на државата тој се води дека с` уште е жив. До ваквата констатација дошла откако побарала документ дека Борислав е починат во одделението за водење на матичната документација во Велес, пишува Дневник.

zvornikdanas-mrtvacki-kovceg– Минатата година на 17 декември ми се јавија од болницата во Бардовци каде што Борислав се наоѓаше на задолжително лекување, дека починал. Побараа од мене да го погребам. Јас одбив зашто со него судски сум разведена откако се обиде да ме запали заедно со куќата во која живеевме. Kога неодамна бев во велешката матична служба да извадам документ дека тој е починат, тие ми рекоа дека таков документ кај нив нема, не се води дека е умрен бидејќи никој не го пријавил – вели Светлана Ангеловска.

На Светлана умреницата дека Борислав е починат ~ треба за да се изврши пренос на имотот, кој гласи на негово име. Иако куќата која изгоре до темел е нивна заедничка сопственост, стекната во бракот, но бидејќи гласела на име на Борислав, Светлана шест години живее кај свои блиски, како потстанар, не можејќи да го реши станбеното прашање. И сега кога ја почнала постапката со надеж дека нејзината голгота конечно е завршена, таа не е ниту педа подалеку од почетокот.

Целата сторија на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1