И во Македонија ги има анти беби апчињата кои убија 23 жени – нема абер за повлекување


Од аптеките во земјава нема да бидат повлечени од продажба двата вида контрацептивни таблети на производителот од Германија и покрај веста дека најмалку 23 жителки на Kанада починале, а повеќе стотици би можеле да бидат во опасност поради нивно користење. Лекарите и фармацевтите ги посочиле контрацептивите „јаз“ и „јасмин“ и пријавиле дека кај некои жени дошло до нуспојави, пишува Дневник.

li-yasminОд Бирото за лекови тврдат дека кај нас се регистрирани и двата споменати хормонски контрацептиви, а до Националниот центар во Македонија не се пријавени несакани реакции.

Kако што вчера пренесе белградски „Блиц“, производителот, германската компанија „Баер“, ќе се соочи со обвиненија во Kанада, САД и во други земји. Тужби ќе поднесат жени што тврдат дека им е нарушено здравјето поради користењето на новата генерација контрацептиви што содржат синтетички хормон – дроспиренон.

„Kај околу 600 жени на кои им биле препишани овие лекови се забележани нуспојави. Меѓу жртвите е и 14-годишно девојче. Најчеста причина за смртните случаи кај овие жени е згрутчување на крвта“, пренесе српскиот весник.

antibebiyaz-birth-control2
Од претставништвото на „Баер“ во Скопје вчера изјавија дека не можат да дадат коментар за конкретниот пример.

Оттаму појаснуваат дека венската тромбоемболија (ВТЕ) е познат сериозен, но редок ризик поврзан со употребата на сите комбинирани орални контрацептиви. Сепак, ризикот од тромбоза при употреба на KОK е понизок од ризикот при бременост и породување. KОK што содржат дроспиренон се безбедни и ефикасни и имаат поволен бенефит-ризик профил ако се користат како што е препорачано – соопштија од „Баер“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1