Живеат еден на друг над глава – најгусто населената населба во светот (Видео)


Kowloon Walled City се смета за едно од најгусто населените места на светот, лоцирано во населбата Коулун, Хонг Конг. Иако бил изграден на ничија земја, без своја влада и без полиција, во него владеел строг ред.

 

Неверојатна бројка од 50.000 жители живееле „стиснати“ во неколку блока, но освен станови тука имало и многубројни продавници и фабрики, а електричната енергија била илегална и за неа плаќале само неколкумина однадвор.

Овој град се смета за феномен со 33.000 фамилии кои живееле во 300 прилепени високи згради на површина од 2.5 хектари, изградени без никаков придонес од страна на архитекти.

До почетокот на 1980-тите, во овој заѕидан град не постоеле никакви закони ниту пак Здраствени и безбедносни регулативи. Темните влажни премини и лавиринти биле одлични локации за бордели, казина, кокаин салони и опиум дувла. Просториите биле без прозорци, без вентилација, полни со глувци и инсекти. Градот бил и по специјалитетите од кучешко месо.

Набиеноста на градот не дозволувала продир на сончева светлина во неговата внатрешност. Покривите на зградите биле единственото место каде што жителите можеле да земат свеж воздух.

Квалитетот на живот и санитарните услови биле значително назадни во споредба со останатиот дел од Хонг Конг.

Биле правени планови за рушење на градот, но неговите жители протестирале велејќи дека се среќни и со тие бедни услови, но владата потрошила 2,7 милијарда долари за евакуација на жителите која почнала во 1991, а била завршена во 1992.

Канаѓанскиот фотограф Грег Жирард заедно со Јан Ламбот поминале 5 години во Коулун истражувајќи го градот и документирајќи го начинот на неговата внатрешна организација пред тој да биде демолиран во 1992.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1