Таксист нашoл 700 000 евра и ги вратил


Таксист од Сингапур, 70 годишниот Сиа Ка Тиан во своето такси нашол торбица со 700 000 евра.

Тој превезувал пар кој  бил на одмор, а откако се симнале каде што сакале, таксистот се паркирал во непосредна близина . Откако се вратил во автомобилот ја забелажал црната кеса на седиштето, објавува Скопјеид.

“Откако ги видов парите  помислив дека сум во неволја. Видов дека се работи за огромна сума” рекол таксистот. Од страв некој да не му ги украдите парите почнал да го бара парот.

“Парите не ми се толку важни. И онака не се мои и не сакам ни да ги допрам”, рекол чесниот таксист. Парот му понудил награда, но тој ја одбил.

Извор – skopjeid.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1