Готовина ќе ја тужи Карла Дел Понте


Бранителите на Анте Готовина пред хашкиот суд најавија дека ќе ја пријават екс главната хашка обвинителка Карла Дел Понте во швајцарската адвокатска комора поради нејзиното тврдење дека со пресудата со која се ослободи хрватскиот генерал не се задоволила правдата.

,, се подготвуваме за етички приговор кој ќе го упатиме до адвокатската комора,, се вели во пораката на твитер на адвокатот Лука Мишетиќ.

Дел Понте по пресудата изјави дека очекувала да бидат обвинети хрватските генерали и со нивното ослободување правдата не е задоволена и дека таа е навистина шокирана од исходот.

Таа изјави дека против нив имала собрано доволно докази за да бидат осудени и не знае што се случило во судот во Хаг за да се дојде до оваа пресуда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1