НАСА: Тајна која не смееме да ви ја соопштиме


Научниците од НАСА овие денови се на големи маки, тие се на прагот на важно откритие за кое се уште не смеат да и даваат информации на јавноста. Дали сте слушнале за минијатурни хемиски лаборатории кои се именуваат со кратенката САМ? Станува збор за лаборатории кои беа инсталирани на роверот кој НАСА го испрати да крстари на Марс.

Земате парче земја од Марс и САМ додетали ќе објазни за каква земја всушност станува збор. Овие денови САМ и НАСА испраќаат неверојатни податоци, тврдат американски истражувачи, па затоа би требало да го запамтите името на оваа лабораторија бидејќи за неколку дена таа ќе влезе во историјата.

– Ова е податок кој ќе се најде во историските книги, тврди Џон Гроцингер, главниот истражувач во НАСА во мисијата за истражување на Марс со помош на роверот „Кјуриосити“. Гроцингер објаснува дека се на прагот на епохално откритие, но поради претпазливост се уште не сакаат да објават за што всушност станува збор.

– САМ ни испраќа податоци додека седиме и разговараме, и тие се се поинтересни, ова е се што открил Гроцингер.

Според неговите зборови, главната причина е сигурност, бидејќи научниците до сега неколку пати се „изгореле“ со цел што побрзо да објават некаква информација за црвената планета. Еден од тие случаи бил испитувањето на примерок од метан на Марс, за кој наишол САМ, а кој укажувал на присуство на организми слични на нас.- Знаевме уште од самиот почеток дека е можно леталото да понесе малку метан од Флорида. Затоа сакавме да го повториме истражувањето со друг примерок, изјавил Гроцингер. Меѓутоа, следното испитување покажало дека од метан всушност нема ни трага ни глас.

Следните неколку седмици че се одигра клучната улога на САМ бидејќи НАСА врши постојани истражувања со кои би го потврдила она што научниците едвај чекаат да ни го соопштат.

 

 

 

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1