Најстариот компјутер на светот сè уште работи


Најстариот компјутер на светот е произведен во 1951 година, тежи 2,5 килограми, содржи 10 илјади составни делови и може да работи 80 часа неделно без пауза.

Личи на контролна соба, но всушност е само компјутер кој и нема некоја друга функција освен да калкулира бројки.

Овој компјутер се вика Харвел Дикатрон или WITCH и се наоѓа во областа Харвел во Оксвордшир, Англија.

Компјутеров тогаш бил најсофистицирано парче технологија и заменувал голем број високо квалификувани луѓе кои рачно решавале математички проблеми.

За меморија користел 10 катоди, што е слично со РАМ-от на модерните компјутери.

Тој бил во употреба од 1951 до мај 1952 година работејќи 80 чса неделно, а потоа е предаден на колеџ за тренинг на учениците за конечно подоцна да биде сместен во музеј.

Денес најстариот компјтуер, Харвел Дикатронот, бил повторно вклучен за прв пат после толку години во националниот музеј за компјутери во Блечли Парк во Бакингшир, Англија.

Откако повторно е пуштен во функција, тој стана насјтариот функционлен компјутер компјутер во светот.

Компјутерот најпрво бил зместен во музејот за наука во Бримингам, каде што Кевин Марел прв пат го видел како тинејџер во 1970 година, но откако се затворил тој музеј, компјутерот исчезнал од јавноста.

Денес тој повторно го лоцирал, но компјутерот веќе бил расформиран во педесетина делови.

Потоа тој и неговиот тим од волонтери го составиле користејќи стари слики од него и после три години работа, денес конечно го пуштиле повторно во функција.

Извор: Think.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1