Во време кога информациите се шират буквално во секунда, во светот сеуште има луѓе кои успеваат да живеат изолирани од се.
Таква е и Агафја Ликова (71), русинка која долго низ годините живее во изолација во сибирската шума, а од нејзе излезе неодамна, кога морала во болница поради болки во нозете.
Агафја е последниот жив член на семејството. На нејзе уште во 1978 година наишле геолози и набрзо откриле дека никој во нејзиното семејство не знаел дека имало Втора светска војна.
Ликова и понатаму живее изолирано, а од најблискиот град оддалечена е дури 100 километри. Ја опишуваат како најосамената жена во Русија чиј татко се преселил уште во 1936 година каде изградил дрвена колиба. Семејството преживувало со јадење на печурки и компири.
Кога геолозите наишле на ова семејство, Агафја имала 33 години и тогаш за прв пат во животот видела намирници како што се леб и млеко.
Преселувањето во градските области секогаш го одбивала со образлoжение дека таму не може да се дише.
– Тешко живеевме, понекогаш немавме храна. Еднаш дури ги изедов своите обувки, вели Агафја чија мајка починала од глад во 1961 година, а нејзиниот татко 1988 година.
Оваа русинка во болница би требал да помине една недела каде ќе биде на терпија поради пропаѓање на рскавицата во колената.