Живее сама во шума во Сибир, не ни знае дека имало Втора светска војна (Видео)


Во време кога информациите се шират буквално во секунда, во светот сеуште има луѓе кои успеваат да живеат изолирани од се.

Таква е и Агафја Ликова (71), русинка која долго низ годините живее во изолација во сибирската шума, а од нејзе излезе неодамна, кога морала во болница поради болки во нозете.baba sibir

Агафја е последниот жив член на семејството. На нејзе уште во 1978 година наишле геолози и набрзо откриле дека никој во нејзиното семејство не знаел дека имало Втора светска војна.

Ликова и понатаму живее изолирано, а од најблискиот град оддалечена е дури 100 километри. Ја опишуваат како најосамената жена во Русија чиј татко се преселил уште во 1936 година каде изградил дрвена колиба. Семејството преживувало со јадење на печурки и компири.

Кога геолозите наишле на ова семејство, Агафја имала 33 години и тогаш за прв пат во животот видела намирници како што се леб и млеко.

Преселувањето во градските области секогаш го одбивала со образлoжение дека таму не може да се дише.

– Тешко живеевме, понекогаш немавме храна. Еднаш дури ги изедов своите обувки, вели Агафја чија мајка починала од глад во 1961 година, а нејзиниот татко 1988 година.

Оваа русинка во болница би требал да помине една недела каде ќе биде на терпија поради пропаѓање на рскавицата во колената.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1