Терористичката група Боко Харам направи колеж со северниот дел на Нигерија, убиени се 86 лица а голем број од нив се и деца.
Убиствата се случиле уште во саботата, но доцна вечерва стигнале информациите дека нападите се извршени во околината на Мајдугуру, упориште на исламската паравоена формација. Злочинот траел неколку часа, а мета биле селата со бегалски кампови во кои биле сместени околу 25 000 луѓе.
Според официјалните информации, има 86 мртви, а 62 добиле големи рани и лекарите сега се борат да ги одржат во живот.
Според очевидци, како што пренесува АП, екстремистите фрлале запаливи бомби, а еден од преживеаните рекол дека слушнал детски крици како гореле до смрт на дрвата каде што пробале да се сокријат.
Нападите почнале со акција на тројца бомбаши-самоубијци, а продолжиле во наредните четири часа во селото Далори. Целта била и населеното место Гамори.