Хрватска е подготвена, со големо нетрпение го чека враќањето на „Огнените“ од Русија.И покрај тоа што го загубија финалето од Франција, хрватските фудбалери денеска во Загреб ќе бидат пречекани како тие да се Светски шампиони.
Хрватските фудбалери околу 14 часот треба да пристигнат на загребскиот аеродром, а потоа со автобус со отворен кров ќе продефилираат низ улиците на градот.
Се подготвува спектакуларен пречек, илијадници Хрвати ќе излезат на улиците и ќе ги поздрават своите херои како тие да се Светски шампиони.
Фудбалерите треба да слетаат во Загреб во 13.30 часот, а еден час подоцна се очекуваат на плоштадот.
Со освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија, Хрватска го направи најголемиот спортски успех во својата историја.