Во јавноста неодамна излезе информацијата дека поранешниот фудбалски репрезентативец на Хрватска, Иван Класниќ (36) ќе мора да оди на трета операција за трансплантација на бубрег, откако телото почнало да му отфрла последниот кој му го донираше неговиот татко во 2007. За проблемот да биде уште покомпициран, следниот донатор на смее да биде од неговото семејство, затоа што организамот на некогашниот напаѓач почнал да создава анти тела за органите на членовите неговто семејство.
Поради ова најпогоден бил неговито брат кој бил спремен веднаш да се жртвува за Иван.
– На Јосип му е потешко затоа што не може да ми помогне. Јас со тоа морам да се помирам. Кога животот ти виси на конец, ги гледаш работите такви какви што се, изјавил Класниќ кој живее во Хамбург.
Сега, доколку тој не најде компатибилен донор, ќе треба да чека орган од починато лице, а во Германија за тоа во просек се чека 7 години.
Иван во 2009 година тој поднесе тужба против против докторката на својот поранешен клуб, Мања Гуха, затоа што навреме не ја открила бослета на неговите бубрези. Потоа тој мина низ тежок развод од својата сопруга Патриција, кој медиумите во Англија будно го следеа и го етикетираа Иван на нивните страници како прељубник.
Пред да се раздвојат со Патриција, крадци влегле во неговиот дом во Англија, ја врзале неговата сопруга и од куќата однеле повеќе од 100 000 евра и други вредни предмети и накит. Кратко по тоа, за силување го обвини 17 годишна Англичанка, поради што Иван беше приведен, па ослободен за кратко.
Класниќ стана национален херој кога успешно се избори со предизвиците поврзани со трансплантацијата и се врати професионално на зелените терени, а дури и постигна гол во репрезентативниот дрес на Европското првенство во 2010 година. Во својата клубска кариера освен за помалите клубови за кои настапуваше на почетокот на кариерата, ги бранеше боите на Нант, Болтон, Вердер Бремем и Мајнц.