Жолти гаќи носат пари – Верувања за нова година


Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени ,,адети,, носат среќа во идната година.

new year superstitions

Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица ударајќи во тапани и други инструменти.

Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии.

red underwaer luck mexico new year superstition sockБразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир.Ѕвоната во Јапонија се огласуваат 108 пати за да ги избрка исто толкавиот број на човечки слабости. По ова сите мора да се смеат за да ги избркаат злите духови.

Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како би во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник.

Голема љубов ги чека оние кои на нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД.

А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој новчаник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во србија и во Македонија.

januaryНикако немојте!

1. голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот.

2. Никако не се позајмуваат пари на 31 декември ни 1. јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми.

3. Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1. јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи  и за ѓубре.

4. Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

5. Работа не се склопува на 1 јануари – тоа значи нема да е успешна.

6. Не треба да се пере веш или садови на 1. јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

7. кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1