Какви се хороскопските знаци за време на прославите


Овенот обично почнува со славење штом ја засили музиката и нетрпеливо ги очекува гостите. Кога конечно ќе стигнат, ги дочекува видно напиен и ги бакнува сите по ред.

Бикот на славата е во природен елемент. Веднаш се нуди да помогне околу поставувањето на храната и задолжително пробува од сè по малку, пред воопшто храната да стигне до масата.nova-godina-slavlje-600x340

Близнаците цело попладне не можеле да се одлучат што пијалак да донесат за домаќинот, па како по обичај доцнат и со себе носат цел бар пијалаци.

Ракот мераклиски седи во некоја удобна фотелја и го дегустира она што Близнаците го донеле. Понекогаш станува да отвори врата, додека Овенот држи говор.

Лавот е најгласен на масата, веднаш после Овенот. Го прескокнува мезето затоа што се чува за главното јадење и постојано пие вино, па затоа во секоја минута е сè повесел.

Девицата упорно се труди да ги отстрани мрсните флеки и дамките од виното или барем да ги сокрие да не се гледаат. Во меѓувреме мези и следи на гостите нешто да не им недостасува.

Терезијата го објаснува потеклото на сите обичаи и на сите им влегува во збор, па сите ја бркаат во кујната „да помогне“ околу јадењето.

Скорпијата доаѓа веќе напиена и доведува уште неколку весели пријатели, па сите шетаат низ куќата барајќи столчиња и прашуваат – Што е ова луѓе? Слава или погреб? Дајте малку музика!

Стрелецот е гостинот кој сите го сакаат и на сите им е забавен. Неговите шеги се прераскажуваат и наредната година.

Јарецот седи мирно, јаде сè по ред, пие што му е ставено. Не се буни и ништо не бара. Но, кога ќе прозбори, сите паѓаат од смеење. На крајот задолжително останува да му помогне на домаќинот да расчисти.

Водолијата се налева со ракија без да престане. Цело време другите и кажуваат да касне нешто, да не пие на гладен стомак, но таа само си игра со храната.

На Рибите постојано им е топло и малку по малку се расоблекуваат. Конечно ќе им стане сè по мерка кога сите гости ќе се напијат, па атмосферата станува максимално опуштена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1