Зика ги исплаши и трудниците во Македонија


Вирусот Зика ги исплаши трудниците во Македонија. По илјадниците случаи на родени бебиња со многу мали глави во Бразил, бремени жени овие денови барале совети од нивните гинеколози. Што да прават напролет кога ќе се појават комарците и како да се заштитат. Здравствените власти ја разбираат нивната загриженост, но велат дека нема постор за паника. За подобра комуникација и добивање на соодветни совети, од Министерството за здравство испратиле упатства за вирусот до матичните лекари и гинеколозите, пренесува Сител телевизија.zika virus

-Испративме до Здружението на приватни лекари и до Здружението на гинеколози упатства што треба да им ги делат или појаснуваат на трудници кои се интересираат или, пак, на лица кои сакаат да патуваат во странство. Нема потреба во овој момент од паника, вели Јованка Костовска, државен советник во МЗ

Дополнителна загриженост е потврдата од Центарот за контрола и превенција на болестите во САД дека Зика се пренесува и по сексуален пат. Два вакви случаи биле регистрирани во Далас.

Најмногу заразени со вирусот има во Бразил каде од октомври досега има над 4000 случаи. Расте бројот и на бебиња родени со многу мали глави.

Македонските здравствени власти велат дека постојано ги следат случувањата со инфекцијата во светски рамки. Од Комисијата за заразни болести ќе побараат од надлежните инситуции уште една проверка дали во земјата го има тигрестиот комарец кој го шири вирусот. Истиот веќе е лоциран во земјите во регионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1