Златната рута на Кина поцрвене – никој не знае од што поцрвенуваат реките


За река која ја нарекуваат „златна рута“, црвена е чудна боја да се види. Но, сепак токму тоа се случува со Јангце, а никој не знае зашто.
Црвенилото кое сега се шири низ целата река, почна првично да се појавува кај градот Чонгквинг, каде Јангце се спојува со реката Џаилин.

Јангце, се наркува „златна“ заради огромните на количини на дожд кои паѓаат на годишно ниво, се движи низ Чонгквинг, наречен „планинскиот град“, и го дели градот на два дела. Чонгквинг се наоѓа во јужно-западна Кина и е мека на кинеската индустрија.
Градот се распотила по многу планини и ридови, па така си го заслужил прекарот „планински град“.

Црвената боја ги исплаши многу од жителите што ја користат таа вода за пиење и готвење, додека пак тие што од неа заработуваат за живот, како рибарите, сеуште ја користат без страв.

Владини лица изјавија дека се работи на случајот и дека ќе следува голема истрага ако се утврди дека е труење.

Share Button

Tags: , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1