Само десетина минути возење со глисер од селото Стење, низ Преспанското езеро, се потребни за средба со живописниот остров Голем Град. Се простира на површина од 20 хектари, има специфична флора и фауна, но целокупниот жив свет изумира. Второто име му е Змиски остров, затоа што овде до пред неколку години имало најголема концентрација на змии, но не се знае зошто се намалува нивниот број, информира Телма
Тој бил живеалиште на желки и зајаци, но и нив ги има се помалку. Значително се зголемува само бројот на птиците корморани и пеликани, но од друга страна, нивниот измет е причина за сушењето на ендемичното изглолисно дрво фоја, карактеритично за Голем град. Островот е ненаселен неколку века.
-Генерално, целата животна активност на осторвот се намалува, а најголемата причина за тоа, верувале или не, е отсуството на човекот, затоа што човечката активност, пред се одгледувањето на овци и кози придонесувало за развој на останатиот дел на флората и фауната на осторовот, рече Рубин Николоски, водич.