Значењето на велигденското јајце


Во времето на паганството јајцето било симбол на повторното раѓање и најчесто било поврзувано со оживување на природата. Ова произлегува од фактот што по долгата и ладна зима, во пролет, природата оживува исто како што и јајцето чудесно создава живот. Според тоа, старите Египќани и Персијци имале обичај напролет да даруваат украсени јајца како симбол за нов живот и раѓање. 

veligden jajcaВо Месопотамија јајцето било симболично поврзано со божицата на плодноста Астарте, а римската поговорка вели дека целиот живот доаѓа од јајцето. Според народното верување, дарувањето јајца за Велигден носи среќа. Тоа е обичај што почнал пред околу илјада години и се’ уште трае.

Низ времето јајцето било вклучувано во најразлични обреди – се ставало во темелот на куќата за да го избрка злото, Римјанките верувале дека со помош на јајцето може да се одреди полот на нероденото бебе, додека, пак, Французинките застанувале на јајце пред да го минат прагот на својот нов дом. Римјаните, Кинезите и Египќаните го сметале како симбол на вселената, а меѓу многубројните теории за настанувањето на Земјата се наоѓа и онаа која тврди дека излегла од едно големо јајце.

Христијанството не воведува некои големи промени и јајцето симболизира повторно раѓање на човекот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1