Знаете ли кои се знаците на жолтица?


Еве неколку симптоми по кои ќе ја препознаете жолтицата:

oko zoltica– Замор и треска

– Болки во стомакот

– Гадење и  дијареја (проливи)

– Губење на апетитот

– Појава на жолтица на кожата и на белката од очите

– Губење на телесната тежина

– Чешање

– Темно пребојување на урината

– Фецесот е светло пребоен, поради недостигот од жолчни бои во него

Заразната жолтица е заболување коешто се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста.

За таа цел, од Министерството,  потсетуваат на потребата од почитување на основните мерки за превенција од вирусниот хепатит А.

Препорачани санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки

– Редовно одржување на личната и општа хигиена

– Од особена важност е темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет.

-Миењето на раце треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун

– Бришење на раце со бришач за еднократна употреба или со сопствена крпа за бришење

– Потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред конзумација

– Конзумирање безбедна вода за пиење (од водоводни мрежи), како и избегнување пиење вода од непроверени чешми, локални иззвори, бунари и сл.

– Соодветно третирање и отстранување на отпадот

– Одржување на хигиена во домот и санитарните јазли, како и одржување на хигиената во колективни објекти каде престојуваат ученици, мали деца и постари лица (училишта, детски градинки, домови за згрижување стари лица).

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1