Паника на Драва: Се појавиле летачки риби (Фото)


Риби кои скокале и удирале во чамецот во реката Драва ги загрижиле девојка, момче и неговиот татко.

Никогаш не сме доживеале нешто слично, вели момчето кое на Драва крај Питомач бил нападнат од летачки риби – и тоа буквално!

a10-650x396

“Скокаа од водата како луди, летаа, се удираа во чамецот, некои од нив и завршија во него, и тоа сите од нив тешки и по десет килограми”, опишало момчето и додало дека неговиот татко и девојка, кои биле со него, се загрижиле и прилично се исплашиле.

“Мојата девојка почна да вриска од страв. Вакво нешто на Драва никогаш не сме виделе”, изјавило момчето.

Од управата за риболов при хрватското Министерство за земјоделство изјавиле дека станува збор за јатото толстолбик. Според нив, за таквото однесување на рибите, одговорен бил моторот на чамецот.

a12-654x409

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1