За разлика од минатата година кога најмногу се преферираше мисионерската поза во сексот, оваа година нештата целосно се извртија.
Најновите истражувања на интернет страната AdanEve.com покажуваат дека оваа година хит поза е онаа во која жената е горе.Во истражувањето учествувале 1000 возрасни испитаници, а требало да одговорат која поза најчесто ја практикувале оваа година, односно која поза им е најомилена.
Повеќе од 36 отсто од испитаниците откриле дека сакаат кога жената е горе, 33 отсто од нив и понатаму ја преферираат мисионерската поза, а 20 отсто сакаат кога жената е свртена со грбот.
– Можеме слободно да кажеме дека станува збор за релевантни податоци. Секс позата кога жената е горе го зголемува степенот на интимност меѓу партнерите и на некој начин контролата ја има жената, што е е многу добро бидејќи многу жени се уште не преземаат контрола на областа на сексуалноста, истакнува сексологот др. Кат Ван Кирк.