Сигурно сте слушнале за стариот обичај дека мајката 40 дена по породувањето не излегува од дома. Некогаш тоа се подразбирало, но како што темпото на живот, како и навиките, мошне ни се променија, денес ретко која мајка може да си го дозволи тоа. Кејт Александра одлучила да остане дома 40 дена по раѓањето на бебето и еве какво е нејзиното искуство.
– Се чини дека во Австралија и Америка важи правилото што побрзо да се вратиш на работа и на секојдневието – објаснува Кејт и додава дека овој начин на грижа и нега е најдобар како за бебето, така и за мајката.
Во текот на бременоста, оваа инструкторка по јога сериозно се подготвувала за доаѓањето на новото бебе во нивниот дом. Пред самото породување подготвувала кашички и храна за бебето која би можела подолго време да стои во замрзнувачот, за кога бебето ќе дојде на свет да има повеќе време за него.
По раѓањето на синот Јаган, наредниот месец и пол го поминувала дома, само повремено излегувајќи надвор.
– Тоа беше многу тешка и студена зима за австралиската клима, па штом тепературата малку се крена, посакав да излезам на прошетка. И често одев да шетам. Сепак, најголемиот дел од времето го поминував дома со своите најмили без никакво брзање да се вратам во своето секојдневие – вели Кејт Александра.
Тие денови ги забележила со фотоапарат и ги објавила на Инстаграм и на својот блог.
„Драги мајки, навистина нема потреба да брзате да се вратите во „нормалниот живот“. Светот може да чека, вашето бебе не. Бидете тука, сега. Ве преколнувам да забавите. Не постои ништо на светот толку убаво како периодот после породување. Вашата работа е едноставна, научете да доите и вљубете се во вашето бебе“, напишала Кејт на својот блог.
Иако признава дека имала помош од пријателите и семејството во одржувањето на домаќинството и околу чувањето на постариот син, Кејт вели дека нејзиниот дом бил во целосен хаос, играчките биле расфрлени насекаде, но уживала во текот на секоја минута. Како што вели, многу време поминала медитирајќи и работејќи вежби со дишење.
На својата одлука 40 дена после породувањето да ги помине дома со бебето, денес гледа како на прекрасно искуство кое o7; помогнало да се опорави од породувањето.
– Ми се допаѓа тоа што ова искуство ме научи да бидам трпелива. Излегов пред светот одморена, полна со позитивна енергија и подготвена да го освојам светот – вели Кејт.
Majkaidete.mk