Знаци и симптоми на пасивно агресивно однесување


Пасивното агресивно однесување претставува индиректно изразување на негативните чувства наместо истите отворено да се изразат. Постои дисконтинуитет помеѓу тоа што го вели пасивната агресивна личност и тоа што таа го прави. Кај оваа личност, вистинските чувства се споделуваат преку акции, а не преку зборови.

На пример, пасивната агресивна личност може да прикаже дека се сложува со барањето за извршување на некоја работна задача кое што е дадено од некоја друга личност, дури тоа може да го искаже и со ентузијазам.

Но, наместо да ја спроведе бараната работна задача, личноста може да изрази лутина со тоа што намерно ќе ги пречекорува крајните рокови, ќе се појавува доцна на состаноците, ќе прави се само да не ја заврши доделената работна задача. Во некои случаи, работи и против задолженијата, со цел работната задача да не се изврши.

Специфичните знаци и симптоми на пасивното агресивно однесување вклучуваат:

– Спротивставување на барањата од другите
– Поплаки за тоа дека личноста се чувствува потценето или измамено
– Тврдоглавост
– Неефикасност
– Заборавање на работи
– Суетност
– Иритабилност
– Циничен или навредлив однос спрема другите

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1