Пешачење до работа


Најновото истражување каде учествувале 12.000 вработени лица покажува дека на работа најдобро би било да се оди пешки или со велосипед бидејки користење на било кое друго превозно средство предизвикува замор, стрес и истоштеност.

Еве зошто на работа треба да одите пеш

Истражувањето го направија научници од Универзитетот Лунд во Шведска кои напоменуваат дека и понатаму ќе продолжат да откриваат на кои се начини превозот делува на здравјето.

“ Луѓето кои на работа одат со автомобил или јавен превоз почесто се подложни на стрес, (фактот што запаѓаат во сообраќајни мешаници) лошо спијат и се истоштени. Ситуацијата после долготрајно користење на јавен превоз и автомобил станува уште посериозна “, појасни научникот Erik Hansson за магазинот BMC Public Health.

Научниците напоменуваат дека не откриле ниеден доказ дека возењето до работа е опасно за здравјето. Сепак, како велат, за општата човекова состојба подобро би било да се пешачи или вози велосипед.

Најновите откритија ги поздравија и неколку стручни лица кои мислат дека е тоа добар начин и за заштеда. Покрај ова, напоменуваат дека на таков начин се чува планетата. Сепак, идеата не е лоша, но под услов работното место да не ви е многу далеку

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1