Пола Скопје денес без струја


Дел од потрошувачите од општина Центар лоцирани на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Свети Климент Охридски“ во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“,  од 8 до 18 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица 1 кај патот за село Грчец, општина Сарај, а од 9 до 11 часот и корисниците лоцирани на улица „Пушкинова“ бр.6 во општина Кисела Вода.

Од 9 до 14 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Хо Ши Мин“ во општина Бутел и од улица 6 во село Бардовци, општина Карпош. Од 9 до 15 часот, струја ќе намаат корисниците од населеното место Сопиште – пат за Дрисла, депонија Дрисла и Роло Оков во општина Сопиште, од 9:30 до 14:30 корисниците на улица „Гемиџиска“ во општина Гази Баба, а од 12:30 до 15:30 часот , корисниците од улиците „Влае“ и „Франц Прешерн“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изведување технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на ЕВН Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1