ЗНМ го осудува насилството врз новинарите на синоќешните протести


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудува полициско насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред канцелариите на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.

– Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наќе Батев од „Вечер“ и Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите новинари и слободата на медиумите. Професионалните апарати и објективи јасно ги идентификуваат фоторепортерите како новинари на задача, се вели во соопштението од ЗНМ.znm

Нападот врз нив, како што се наведува, е со намера да ги спречи нив да фотографираат кога полицијата интервенира против демонстрантите.

– Со насилство против новинари полицијата сака да сокрие од јавноста користење на неселективна и прекумерна сила врз граѓаните. Со тоа полицијата свесно се стави во улога на цензор и да одлучува што смее да се информира од протестот, стои во соопштението.

Од ЗНМ бараат од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да ги идентификува насилните полицајци и најостро да ги казни.

– Досега МВР нема расветлено ниту еден случај на насилство против новинари на протести. Ваквото непрофесионално однесување повеќе не може да биде случајност. Полицијата свесно ги прикрива насилниците и делува како да е надвор од цивилна контрола, се вели во соопштението од ЗНМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1