Сопругот на убиената ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, веќе 23 дена преку апликација се допишува со извесна Рада која има 27 години и е медицинска сестра од Виена. Како што тврди српскиот Информер, тој со неа разменува експлицитни пораки со сексуална содржина.
Додека во јавноста се прикажува како ужален вдовец, сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, се допишува со млади девојки. Пораки праќал и ноќта пред да и биде 40 дневниот помен на Јелена.
„Не сакам да те замарам, утре ќебидам тука, напишала девојката. Зоран одговорил дека ја чувствува. Таа му рекла дека ќе го пази додека спие“…и вакви пораки си праќале во наводно најтешките мигови за Зоран.
Помеѓу бројните пораки со кои Зоран и Рада се допишувале сопругот на Јелена наводно на 23 мај точно во 04:19 часот и испратил своја гола фотографија.
Инаку тие двајца наводно стапиле во контакт на 7 мај, кога таа преку Фекјсбук му испратила неколку пораки. Тогап тој и испратил фотографија со ќерката Јана за да ја увери дека тоа е навистина тој, а потоа и и спратил број од својот мобилен телефон по што почнале да се допишуваат на Вибер.
Врвот на нивната преписка се случил пред три дена на 28 мај кога почнале да договараат секс во Белград. Рада неколку пати му објаснила дека сака „груб секс“ и дека едвај чека да се сретнат. Во една од пораките до кои дошол српскиот магазин „Информер“ Зоран ја предупредува Рада дека ни во лудило не смее да ја објави неговата гола фотографија и дека целата нивна комуникација треба да остане тајна.
Според зборовите на експертите , преписката помеѓу Зоран Марјановиќ и медицинската сестра од Виена фрла нова светлина на случајот на убиство на неговата сопруга Јелена. Психотерапевтот докторот Зоран Миливојевиќ вели дека врз основи на овие пораки може да се заклучи дека Зоран Марјановиќ е чудак, која сака бизарности и фантазии.
-Еротско допишување, праќање фотографии и љубовни пораки зборува дека сопругот на Јелена сака невообичаени работи, но и дека мошне брзо ја преполел покојната сопруга или пак дека можеби воопшто не бил врзан за неа. Чудно е како за неполни два месеци од убиството тој разменил повеќе од 1000 пораки со непозната жена и да стане толку близок со неа“, изјавил Миливојвеќ за Информер.
Со него се сложил и криминологот Златко Николиќ кој смета дека ова може да ја смени целата истрага за ова убиство.
-Вашите сознанија се мошне интересни, но во исто време и шокантни затоа што се работи за човек кој пред два месеци ја изгубил жената. За него ова допишување претставува еден вид на егзибиционизам. Ова преписка може и тоа како да влијае на текот на истрагата и на некој начин да ја забрза, но само од судот зависи дали ќе биде еден од крунските докази кои имаат вредност на судот“, истакнал тој.