Зоран Самарџиќ го исполни својот животен сон и со велосипед стигнал до гравниот град на Русија, но враќајќи се го прегазил камион.
Четириесетидеветгодишниот велосипедист Зоран од Србија, загинал во сообраќајна несреќа во близина на Москва.
Според српски Курир, Зоран со велосипедот тргнал на далечен пат за да ја оствари својата најголема желба и стигна до Москва, но за жал, на враќање го удрил камион.
Зоран завршил во болница, а неколку денови подоцна се јавил кај пријателите и им рекол да не им кажуваат на неговата мајка и сестрите дека доживеал несреќа.
За жал, тој не успеал да преживее.