Фараонот Тутанкамон е балсамиран на необичен начин, при што пенисот му е мумифициран под агол од 90 степени. Резултатите од најновото истражување на египтолозите наведуваат на заклучок дека ова е направено со намера да се сопре верската револуција која ја почнал неговиот татко.
Телото на Тутанкамон се наоѓа во Долината на Кралевите во Египет и тоа без срце, а пенисот му е балсамиран во ерекција. Тоа не е случајност, велат египтолозите, туку целта била да биде што посличен со богот на подземјето Озирис. Токму пенисот во ерекција асоцира на моќта за реинкарнација на Озирис, а срцето што недостасува потсетува на легендата за богот, што го распарчил братот Сет.
Таткото на Тутанкамон Ехнатон, сакал целото верување да го насочи на богот Атон и отишол дотаму што наредил уништување на киповите на другите богови, деоека Тутанкамот се обидувал да ја врати традиционалната политеистичка религија во Египет.
Тутанкамоновиот мумифициран пенис отпаднал од неговото тело кога е откриена мумијата, а во медиумите шпекулираат дека тој е украден.