Христијаните ширум светот на социјалните мрежи ја менуваат својата профилна слика во арапската буква „Н“.
Тие на тој начин сакаат да ги потсетат другите да се молат и да бидат обединети со христијаните во Ирак кои исламските групи ги прогонуваат од своите домови и нивната држава.
Со арапската буква „Н“, екстремистите на ИСИС ги обележуваат христијанските куќи и оваа буква означува „Назаричани“ или оние кои го следат Исус од Назарет.
Со буквата „Н“, пак, исламистите сакаат да го обележат злото, она што за нив претставува навреда и симбол на срам.