Детали за убиството во Вевчани: „Вечерва ќе има трагедија, ќе видите“


Вевчанецот З.С., кој вчеравечер уби двајца и рани уште двајца соселани неколку часа претходно го најавил крвавиот пир, но никој не го сфатил сериозно бидејќи бил под дејство на алкохол, пренесува Вечер.

Очевидецот кој се уште бил во шок вели дека е чиста среќа што останал жив и што нема повеќе жртви.

vevcani4444– Можеше сите да на испотепа. Останавме неповредени бидејќи бевме од неговата лева страна, а во таа рака држеше метална палка, изјавил соговорникот за Вечер.

Тој потврдил и дека сопственикот на локалот “Пјаца“, Владо П., не му должел пари на З.С. и дека, напротив, го издржувал и му помагал.

– Рани куче да те лае, што да ви кажам. Каков долг какви глупости. Да не беше Владо тој ќе умреше од глад, додал тој.

Осомничниот за убиството работел како поштар во селото и отсекогаш важел за проблематичен и избувлив човек. Тој често знаел да се напие и да се заканува, но никој не го сфаќал сериозно. Пред дваесетина години украл пари, па затоа побегнал од селото и дваесет години живеел во Хрватска.

vevcani44Во Вевчани се вратил пред две години. Оттогаш не работел ништо и цело време се расправал со соселаните. Владо бил еден од ретките што му помагале. Неколку месеци наназад тој тврдел дека Владо му должел пари и му ги барал. Често и јавно се заканувал дека ќе го убие ако не му ги врати парите, но соселаните мислеле дека тоа биле само празни закани

Вчера попладне тој дошол во “Пјаца” и застанал на масата на која седел Владо со уште шест-седум пријатели. Бил пијан и почнал да се заканува.

– Дојде и почна да вика и да се заканува. Пијан беше, па затоа никој не му возврати ништо. Одмолчевме, а тој си замина, раскажал сведокот.

ubieni vevcani22З.С. отишол во пензионерскиот дом каде на неколку соселани им кажал дека вечерта ќе го убие Владо, но за жал и тие мислеле дека тоа е уште една закана во низата, па ниту реагирале ниту му кажала на Владо.

„Вечерва ќе има трагедија, ќе видите“, им рекол осомничениот на соселаните.

Околу 21 часот се вратил пред локалот “Пјаца” вооружен со палка во едната и пиштол во другата рака. Попески и неговите пријатели сфатиле дека ќе има проблем дури откако го виделе репетираниот пиштол во неговата рака.

Тие останале на масата и продолжиле да го игнорираат. Меѓутоа тој замавнал со палката и тогаш неколкумина срипале и се обиделе да му ја земат и да го разоружаат. За жал не биле доволно брзи, па тој го испразнил шаржерот во нив.

ubieni vevcani0– Како низ магла се сеќавам. Дојде со палка и пиштол. Се стаписавме кога го видовме пиштолот. Продолжи да вика и да пцуе. Ние молчевме. Тогаш замавна со палката и не знам кој точно стана за да се одбрани и да му ја земе. Станаа уште неколкумина и тогаш одекнаа истрелите. Пукаше од непосредна близина еден, два метри, без да гледа во кого. Владо не ни стана од столчето, раскажува вевчанецот, се уште во шок од преживеаното.

Од истрелите Владо починал на самото место, а останатите иако ранети почнале да бегаат. З.С. тргнал кон планината.

Младиот Мате, не ни знаел дека е ранет. Тој бегал заедно со пријателите и по педесетина метри забележал дека има дамка крв на маицата која брзо се шири. Застанал и побарал помош од нив.

– Трчавме заедно еден до друг. Не ни знаеше дека е ранет. Одеднаш застана и ми кажа “помагај ранет сум”. Го внесовме во автомобил и тргнавме кон Струга. Беше контактибилен и мислевме дека ќе го спасиме. Почина моменти пред да стигнеме во болница, вели нашиот соговорник.

Од истрелите на З.С. ранети биле и И.П. и Г.К. кои се хоспитализирани во струшката болница.

Фото: OhridNews

ФОТО: Еве кои се убиените во Вевчани

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1