Тајната венчавка на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ само ги потврди чаршиските муабети дека снашката веќе заведе ред во семејството на сопругот.
По нејзина наредба никој не смеел да се јавува на телефон на денот на венчавката, ниту Кеба, ниту Игор, ниту сестра и Маријана. Игор не одговарал ниту на повиците од свои блиски пријатели кои му се јавувале за да му честитаат.
На венчавката не присуствуваа Кеба и неговата сопруга Оља, бидејќи пејачката сакала на вечна љубов со деветтиот свршеник да се заветува само пред кумовите, мајката и синот Александар.