ФОТО: Пред 30 години била прогласена за мртва, денес е пронајдена жива и здрава


Таа исчезнала во 1984 година кога имала само 24 години, а денес е пронајдена жива и здрава.

Нејзиното име е Петра Пазитка, денес таа живее под сосема друго име, а ова е нејзината приказна:

Пазитка живеела во Брауншвајг на северот на Германија, а исчезнала на 26 јули 1984 година. Според зборовите на нејзините пријатели, од работа си заминала во три часот попладне, за да фати автобус и да оди кај своите родители. Но, не стигнала кај нив.petra2 petra.jpg500

Бидејќи една година пред тоа, 14-годишно девојче било убиено во близина на таа станица, полицијата била убедена дека убиецот повторно нападнал.

Во март 1985 година, 19-годишниот столар Гинтер К., бил уапсен и го признал убиството на тинејџерката која била убиена една година пред да исчезне Петра, а во 1987 година признал дека ја убил и Петра. Петра тогаш била прогласена за мртва.

Пред две седмици куќа на жена под презиме Шнајдер била ограбена и таа повикала полиција. Жената тогаш го открила својот вистински идентитет.

Германката за која се мислело дека е убиена била пронајдена по три децении во Дизелдорф под презимето Шнајдер.

-Таа призна дека живеела во разни градови под лажно име. Но никогаш не вадела нова лична карта”, велат од полицијата.

Петра сега одбива да зборува за своето исчезнување и единственото нешто што сака да ѝ го каже на полицијата е “дека не сакала да има ништо” со своето семејство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1