Зошто Меланија не оди со Доналд во Белата куќа?


Новозибраниот американски претседатек Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга и син, Меланија и Барон, ќе се вселат во Белата куќа во Вашингтон, „откако ќе заврши училишната година“.melanija-baron-bela-kuka1

Доналд Трамп на 20 јануари 2017 година ќе биде инаугуриран во 45-ти американски претседател, а во медиумите се појави информација дека неогвата сопруга Меланија и нивниот син Барон нема веднаш да прејдат во Белата куќа.

Семејството Трамп е внимателно со префрлувањето на деветгодишниот син во друго училиште среде училишна година, поради што најверојатно Меланија и Барон ќе останат во Њујорк до крајот на училишната година, пренесе АФП.

Училишната година во Америка главно завршува на крајот на пролетта или почетокот на летото.

„Меланија е исклучително блиска со Барон. Бидејќи и самата кампања му паднала на Барон многу тешко, Меланија се труди сега да не му отежнува уште повеќе“, дознаваат медиумите.

Барон Трамп моментално посетува приватно училиште коешто чини околу 400.000 долари годишно.

Меланија редовно му помага на Барон околу задачите, а Доналд повеќе пати изјавил дека неговиот син нема дадијарка, туку дека тие се трудат бројот на вработени во домот да го сведат на минимум, пишува „Пипл“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1