Зошто на телефон одговараме со „ало“?


Според пишувањето на „Википедија“ и други извори, Томас Едисон, пронаоѓачот и конструктор, прв пат употребил „ало“ при јавување на телефон, откако погрешно го протумачил звукот кој дошол од другата страна на слушалката околу 1877 година.

phoneАлександар Грејам Бел, еден од изумителите на телефонот, инсистирал на тоа дека единствен правилен начин на јавување е „ахој“, поздрав кој го користеле морнарите десетици години пред во литературата да биде забележан зборот „ало.“ од друга страна, според тврдењата на Оксфордскиот речник, Томас Едисон сметал дека луѓето би требало секогаш да се јават со „ало“ на телефонски повик, што подоцна и заживеало.

Колку брзо се проширил овој збор говори и податокот дека веќе во 1889 година, девојките и жените, кои работеле на размена на телефонски врски биле нарекувани „ало-дами“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1