Полициските инспектори примиле 2.000 евра поткуп – видео од апсењето


Полицијата вчера вечерта уапси двајца полициски инспектори кај трговскиот центар Чирчанка поради примање поткуп.

Инспекторите брале поткуп од внукот на Ибраими Исмаил, кој беше изрешетен во својот автомобил „мерцедес“ во Ченто во висина од 2.000 евра з да не му поднесат кривична пријава, иако претходно за него бил доставен посебен извештај до обвинителството.

aps-inspektori-500Имено, за време на вршење на увидот на местото на убиството на Исмаил, внукот го зел пиштолот од автомобилот на неговиот вујко за да не го земе полицијата. Внукот веднаш бил запрен од полициските „Алфи“, а пиштолот му бил одземен.

По ова полициските инспектори му се заканувале на внукот на Исмаили и од него го барале наведениот износ. Тој ги пријавил во полиција, по што му биле дадени технички обработени пари во апоени од по 500 евра кои им ги предал, по што инспекторите биле уапсени во обид парите да ги заменат во Вестерн унион за други банкноти во помали апоени, а во иста вредност

Покрај двајцата инпектори уапсен е и нивниот претпоставен, началникот на крвни деликти кој исто така е вмешан во ова дело. До јавното обвинителство против сите тројца се поднесени кривични пријави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1