Скромен и со големо срце – Како Даниел ќе ги потроши парите ако победи на X Фактор?


Нашиот единствен претставник во суперфиналето на најгледаниот музички натпревар X Фактор не размислува за победа, но сепак има идеја што би направил со паричната награда за победникот.

daniel ljubaviДаниел Кајмакоски свесен за тешкотијата да влезеш во музичкиот свет, најпрво би сакал да им помогне на сите млади таленти кои го сонуваат неговиот сон.

– Не сум размислувал на победата, но навистина би сакал дел од парите да ги вложам во младите и да им помогнам како што мене ми помогнаа. Животниот сон и план ми се да им помогнам на младите таленти. Секако прво ќе си помогнам себе, да се стабилизирам, па потоа би отворил училиште, курс, нешто каде младите ќе можат да покажат што знаат и да научат нешто ново, а не да плаќаат еден куп пари за скапи песни кои потоа никој нема да ги слуша, вели Даниел.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1