Зошто наутро се будите во исто време и кога можете да поспиете? Се будите пет минути пред алармот?


Вашиот внатрешен часовник е подобар од направата која седи во Вашиот кревет.

Во центарот на Вашиот мозок се наоѓаат нерви кои се одговорни за биолошкиот часовник на телото. Тие нерви одредуваат кога ќе Ви се спие и кога ќе бидете будни. Тие ги контролираат Вашиот крвен притисок, телесната температура и чувството за време. Телото е одлично тајмирана машина која може да функционира без никаква помош.

budenje alarmВашето тело е најефикасно кога има рутина за следење. Доколку легнувате во исто време и станувате во исто време, Вашето тело се навикнува на тој режим. Биолошкиот часовник се регулира со протеин наречен ПЕР. Нивото на протеинот расте и опаѓа секојдневно. Навечер е највисоко, а ноќе е најниско.

Кога нивото е ниско опаѓа крвиот притисок, отчукувањата на срцето успоруваат и мислењето станува отежнато. Тогаш Ви се спие. Доколку следите рутина и се будите во исто време секој ден Вашето тело учи да го зголемува нивото на протеинот токму во периодот кога е навикнато да се буди со алармот. Нивото на проетинот расте приближно еден час пред алармот и спиењето станува полесно. Затоа се будите пред да заѕвони алармот.

Вашето тело не сака да биде прекинето среде циклус и „Ве подготвува“ за будење полека, наместо да Ве остави да се разбудите под стрес од гласната мелодија. Доколку се будите во различно време секој ден, Вашето тело веројатно ќе Ве издаде бидејќи му е потребен сон. Само со постојана рутина тоа ќе знае кога да Ве разбуди и без аларм.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1