Македонскиот опиум е најсилен во светот – бил и најбаран додека не забраниле производство


Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со14 морфиски единици. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а колумбискиот со околу 3, 5.

Во Архивата на Југославија, има флејтон „Ран Балкан“ од францускиот публицист Албер Лондар од 1931 година. Врз основа на расположливите податоци за производството и извозот,  се гледа дека производителите на опиум во Вардарската долина, помеѓу двете светски војни, задоволувале 43% од побарувачката на легалната преработувачка индустрија, додека последователната турско-југословенска соработка опфаќала 80% од светските потреби!

bulletin_1949-01-01_1_page008_img001_large

Првиот афион бил засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотата вели дека афионските семиња биле донесени во цевките на пушка. Како први одгледувачи на афион се споменуваат Абдул Хешан Халил и извесен Али Симон Заде, кои првото семе го засеале во Кавадарци.

Во осумдесеттите години на 19-ти век селаните во Штип, според инструкциите на солунските трговци го одгеледувале растението, го посипувале со катран и го наплаќале добро.

Веста за чудната билка брзо се проширила, па долините Тиквеш и Рајац побелеле од огромните полиња со цветови. Со оглед дека македонскиот подвид на афион е создаден со вкрстување на бел и виолетово-сив афион, многумина заклучиле дека при формирањето на првото експериментално поле активно учествувал и некој експерт. Добрата страна на одгледвањето афион била во фактот дека по жетвата можеле да се засеајат уште семиња, па истата година, од истата област да се добијат две жетви.

Првите статистички податоци покажуваат дека во 1880 година во долината на реката Вардар се произвеле 70 тони, дека во 1893 година преку солунското пристаниште се извезени над 19 тони, а дека следната година производството достигнало 79 тони суров опиум.

Македонскиот опиум благодарение на поволната почва и речни наноси бил меѓу најдобрите во светот, бидејќи содржел 14-16% морфин. За пример, кинескиот имал само 3-5% морфин.

Целата сторија за македонскиот опиум прочитајте ја следниот линк

Македонскиот опиум бил најбаран и се извезувал во цел свет – еве зошто престанало производството

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1