И за 100 денари добиени на спортска ќе се плаќа данок – нов закон


Секоја добивка во спортските обложувачници, па и на најмалите износи, во иднина ќе се оданочува со 10 отсто на име персонален данок на доход. Ова се предвидува со законските измени кои се во собраниска процедура, а со кои се налага да се оданочува секоја добивка на посебните игри на среќа во кои влегуваат казината, обложувачниците, автомат-клубовите, пишува Дневник.

sportska livceДосега овие добивки беа ослободени од данок ако не го надминуваа износот од 10.000 денари. Со измените на Законот за персоналниот данок на доход, што пратениците треба да ги изгласаат наскоро, се прават измени и во плаќањето данок за добивките кај општите игри на среќа, како лотаријата, бингото, лотото, интерактивните игри и слично. Kај овие игри се спушта добитната граница од 10.000 денари, па државата ќе зема по 10 отсто од сите добивки над 5.000 денари.

Од Асоцијацијата на спортски обложувачници на Македонија се загрижени дека оваа законска новина ќе им ги избрка редовните играчи, кои во земјава ги има многу и ќе придонесе за да стават клуч на врата. Тие реагираат дека од ваквото решение сите ќе бидат во загуба, играчите, обложувачниците и државата.
Тие побарале средба со надлежните институции со цел да им ги предочат негативните последици од ваквото решение. Според нивните предвидувања ,за кратко време, а максимум за две години, ќе се случи целосен крах на овој бизнис во земјава. Потенцираат дека ова решение е најголем удар на обложувачниците бидејќи кај нив секој тикет кој е добитен се смета за исплатена добивка и со вакво решение ќе се оданочува со 10 отсто.

Дневник

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1