На фотографиите за загинатите при падот на Боинг 777 на Малезија Ерлајнс во Украина некои патници се без облека. Еден маж на себе имал само чорапи, а една жена била само со градник
Што се случува со патникот при ваква несреќа зависи од позицијата во авионот во која се наоѓал во моментот на експлозијата. Телата на патниците кои ќе излетаат од отворот на авионот најчесто ќе бидат „соблечени“.
Диехл објаснува дека авионот на Малезија Ерлајнс веројатно имал брза декомпресија при која луѓето на такви висини се онесвестуваат. Тој претпоставува дека повеќето патници кои загинале при падот не биле во свесна состојба, пренесува Јутарњи лист.